Актерот Џејсон Момоа на својот Инстаграм профил објави видео на кое покажа дека потполно ја скратил својата долга коса, по која беше препознатлив.
Актерот прво им се претставил на следбениците, а потоа ги покажал локните држејќи ги во рака, а потоа ја објаснил причината за одлуката да ја скрати косата и да остави една тенка плетенка одзади.
„Алоха на сите“, ги поздрави Џејсон обожавателите со традиционален хавајски поздрав, а потоа продолжи:
„Ја скратив косата, тоа го направив во знак на протест поради употребата на пластика за еднократна употреба. Уморен сум од тие пластични шишиња. Мораме да престанеме. Пластични вилушки? Сето тоа ср**е…“.
Во објавеното видео, Момоа нагласи дека чувствувал потреба да направи нешто шокантно, за да ја подигне свеста дека луѓето сè уште посегнуваат по пластика за еднократна употреба без да размислуваат премногу.
„Сето тоа оди во нашата земја, ќе оди во нашиот океан. Сум видел многу тажни работи во морето. Затоа ве молам направете се за да ја исфрлите пластиката за еднократна употреба од вашиот живот. Помогнете ми!“, навел актерот.
Откако го сподели ова видео, следеа реакции од обожавателите. Некои беа воодушевени што Џејсон покажува посветеност за екологијата, додека други беа разочарани што популарниот актер го промени својот физички изглед.