Џејсон Момоа ја изненади сопругата Лиза Бонет со обновување на нејзиниот прв автомобил

од Stefanija Kuzmanovska

Џејсон Момоа ја изненади својата сопруга Лиза Бонет за нејзиниот роденден, со тоа што ја обнови нејзината прва љубов: Мустанг од 1964 година.

Иако автомобилот е стар, мајсторите открија дека е еден од само три создадени некогаш, со многу нарачани делови на него. Прилично неверојатно со оглед на тоа што е прво возило купено од актерката.

Раскажувајќи го воведот на видеото кое е поставено на Јутуб, Момоа вели: „Тоа е првиот автомобил, купен со љубов и насмевка; автомобилот што ти овозможи живот на неверојатни дестинации“.

Во продолжение тој продолжува: „Знам дека не можеме повторно да доживееме спомен, но можеби можеме да изградиме нов“.

Бонет беше изненадена и пресреќна поради подарокот од Момоа.

Коментирајќи го неверојатниот гест, Лиза вели: „Прекрасен е! Не ми се верува. Ова е неверојатно. О, боже“.

Слични содржини