Џaкa среде обложувачки скандал, започна истрага во Англија!

од Vladimir Zorba
224 прегледи

Фудбалерот на Арсенал и швајцарски репрезентативец, Гранит Џака е под истрага на специјалното одделение на англиската криминалистичка полиција поради сомнение дека е вмешан во обложувачка измама. Тој е осомничен дека намерно добил жолт картон во последните десет минути од мечот со Лидс на 18 декември минатата година при резултат 4:1 за „топџиите“, а алармот се вклучил поради невообичаено голема уплата од 52.000 фунти да добие картон на тој натпревар во споменатиот период, пренесуваат англиските медиуми.

Фудбалската асоцијација на Англија нареди истрага за овој случај откако челниците на Федерацијата добија информации за невообичаени „активности“ поврзани со споменатиот натпревар.

Џака на тој натпревар заработи жолт картон од страна на судијата Маринер во 86-тата минута поради одолговлекување на играта при изведување на слободен удар.

На снимката од тој момент се гледа дека Џака стоел покрај топката 20 секунди длабоко на половината на својот тим без желба да упати удар, додека судијата не му пришол и не му покажал јавно предупредување.

Сомнителниот облог е уплатен преку веб-страница која, меѓу другото, им овозможува на обложувачите да се обложуваат меѓу себе, а на „среќниот“ играч му биле исплатени 250.000 фунти за жолтиот картон за Џака!

Водечките обложувалници ја информираа Фудбалската федерација на Англија за високата уплата за натпревар што далеку ги надминува просечните суми на пари кои вообичаено се депонираат на овој и на сличните игри во текот на играта. Друг податок кој води до сомнеж дека тука немало „чиста работа“ е коефициентот за споменатата игра, кој во последните десет минути беше поголем отколку пред слободниот удар на Џака, за кој доби жолт картон.

Значи, се навестува добро подготвено сценарио во кое бил вмешан и самиот фудбалер, што, секако, допрва треба да го утврди истрагата.

Според англиските медиуми, фудбалскиот сојуз не отворил истрага против Џака, но бил информиран и подготвен е да реагира врз основа на тоа што ќе добие од споменатата криминална агенција која го води случајот.

Интересно е што Џака е најнедисциплинираниот играч на Арсенал со десет жолти и два црвени минатата сезона.

Слични содржини