Напаѓачот на Рома, Един Џеко призна дека останал поласкан од интересот на Челзи, но не жали дека трансферот на „Стемфорд Бриџ“ не беше комплетиран. Босанскиот репрезентативец објасни пред медиумите во татковината зошто одбил да се врати во Англија, каде веќе играше со екипата на Манчестер Сити.
„Можам само да потврдам дека имаше преговори. Имаше многу шпекулации и лаги во печатот. Го почитувам Челзи како клуб и бев поласкан од нивната желба да ме привлечат. Но, среќен сум во Рома. Овој тим стана моето семејство и е составен дел од мојот живот. Од првиот ден бев примен на начин кој не може да се опише и никогаш нема да го заборавам тоа. Некои од најсреќните мои моменти се поврзани со Рома и со градот, на пример раѓањето на моите две деца“, изјави Џеко.
„Верувам дека има уште многу добри моменти во Рим. Мило ми е што ќе продолжам да го носам дресот на тимот што го сакам. Разочарувачки е што сме во лоша состојба и не сме поразени подолго време, но во повеќето натпревари имаме среќа. Мислам дека имаме класа и карактер да излеземе од кризата“, оптимист е Џеко.
„Сите работиме напорно за да се вратиме на победите. Се разбира дека нема да биде лесно. Јас лично не сум среќен со себе, бидејќи минатата сезона бев топ-стрелец, а сега не бележам толку многу. Важно е, сепак, тимот да победува“, рече Џеко.