Џеко потпишува за Јувентус

од Vladimir Zorba

Посредникот на Един Џеко во Италија, Силвано Мартина, за босанските медиуми потврди дека напаѓачот во следните 48 часа ќе стане играч на Јувентус.

Трансферот на капитенот на репрезентацијата на БиХ, кој зависи од доаѓањето на полскиот напаѓач Аркадиуш Милик во редовите на „волчицата“, е на самиот крај, а Мартина за „Н1“ потврди дека штом клубот од италијанската престолнина објави дека Полјакот е нов играч на Рома, Џеко ќе потпише договор со „Старата дама“.

Двата клуба брзаат со објавите за нови играчи бидејќи италијанската Серија „А“ стартува во сабота, а Милик треба да игра на натпреварот против Верона.

Подготвен е двегодишен договор, според кој Џеко треба да заработува седум милиони евра по сезона, скоро иста бројка што ја заработува во Рома (7,5 милиони).

Слични содржини