ЕДИН ЏЕКО одигра одлична партија на вчерашното дерби со Лацио. Тој не постигна гол во победата на Рома од 2:0, но асистираше за првиот гол и го изнуди црвениот картон на противникот.
Тој беше заменет во последните минути од натпреварот, и заработи овации од мал број луѓе кои се собраа на стадионот.
„Сите знаеме дека ова не беше една од најдобрите сезони. Но, дербито е секогаш дерби, изгубивме во првиот дел од сезоната, сакавме да дадеме сè за добро да ја завршиме сезоната. Ни преостанува уште еден натпревар“, изјави тој за „ДАЗН“ по натпреварот.
Го коментираше и доаѓањето на Мурињо во Рим.
„Тој веќе донесе ентузијазам, Рома е тешка околина и подобар тренер не можеше да дојде“.
Со оваа победа, Рома се доближи на пласман во Конференциската лига, додека Лацио има сигурно место во Лигата на Европа, но дефинитивно остана без Лигата на шампионите.