Џелили: Eкстремните политички разлики во Собранието, го одложуваaт донесувањето на многу закони

од Destan Jonuzi
236 прегледи

Иако се тврди дека наскоро ќе се отворат преговорите за членство на С.Македонија во ЕУ, освен проблемите со соседните земји кои беа пречка за унапредување на овој процес, земјата е заглавена и во спроведувањето на бројните реформи кои се и услов за членство, вели во изјава за „Локално“, Зуди Џелили – поранешен пратеник, коментирајќи ги забелешките на Европската Комисја (ЕК) за напредокот на државата на патот кон ЕУ.

– Поради екстремни политички разлики во Собранието, има одложување на донесувањето на многу закони кои мора да се усогласат со законите на земјите од Европската унија. За одобрување на законите потребна е соработка со пратеничките групи на опозициските партии, која не е остварена, не надминувајќи го партискиот интерес во корист на националниот интерес. Парламентот честопати не успеваше да создаде форум за работа, односно да ја започне средбата, затоа многу седници беа оставени на средина, изјави Џелили за „Локално“.

Според него, депресивно е деспотското однесување на претседателот на Собранието, Талат Џафери кога се знае дека законодавниот дом од самиот почеток има кревко мнозинство.

– Несогласувањата меѓу политичките партии ја блокираа законодавната институција така што денеска имаме многу забелешки од Европската комисија, нагласува Џелили.

Д.Ј.

Слични содржини