272
Турбулентната авантура меѓу супермоделот Џена Фрумс и фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Џеси Линггард, заврши за само три месеци.
Убавицата го објави тоа на Твитер на 8-ми март, иако наскоро потоа го избриша постот. „Најмалку можам да кажам дека се обидов и уживав во мојата врска, ти посакувам се најдобро, Џеси Линггард“, напиша таа во избришаниот пост.
Според „Сан“, таа му покажала „црвен картон“ на играчот од средниот ред, бидејќи не успеала да го надмине неверството со навивачка на Јунајтед. Во декември, само неколку часа по поразот од Манчестер Сити со 1:2, Џеси спиел со 32-годишната Леони Борек.
Тоа било врска за една вечер, но Џена била бесна, иако за кратко време ги „стегна забите“ и му прости.