Џенифер Анистон е на автофагија – погледнете го нејзиното мени

од Stefanija Kuzmanovska

Џенифер Анистон се уште изгледа како да има 30 години, а во февруари наполни 51 година. Својот добар изглед актерката делумно го должи на посебен режим на исхрана. Како се храни оваа холивудска актерка?

Познатата Рејчел од „Пријатели“, која е омилено филмско лице на многумина, е позната и како поддржувач на здрав живот: ја обожава јогата, а нејзината исхрана се заснова на сега многу популарната автофагија, односно фастинг, што го практикува и Новак Ѓоковиќ.

Џенифер го започнува утрото со шејк, а денот го завршува со покалорична вечера. Актерката, наводно, се буди околу 9 часот и прво пие сок од целер, а потоа медитира и вежби.

„Кога ќе се разбудам, пијам топла вода со лимон, а потоа пијам шејк или понекогаш јадам авокадо и јајца, што е моето омилено јадење. Јас секогаш ставам малку кокосово масло во сè. Понекогаш јадам каша од просо со банана или овесна каша“, изјави Анистон за „Еле“.

Џенифер открила дека за ручек обично јаде „некоја форма зеленчук или салата со протеини – сосема едноставно“.

Нејзиниот личен тренер Леон Азубујке изјави за Women’s Health дека ја советувал актерката да јаде храна богата со хранливи материи, кои се добро избалансирани и содржат здрави јаглени хидрати, како и протеини.

„Сака авокадо, кокосово масло, лосос, рибино масло – сè што се добри масти е одлично“, рече тренерот за диетата на Анистон.

Актерката за вечера јаде сличен оброк како за ручек: протеини со салата или зеленчук. Иако таа избегнува јаглехидрати во форма на тесто, Џенифер не може од време на време да одолее на добра паста. Претходно, таа изјави дека нејзиниот тогашен сопруг Џастин Теро ја научил да направи карбонара – која традиционално се подготвува со јајца, сланина и пармезан.

Слични содржини