Џенифер Анистон: Не се срамам да го покажувам моето тело!

од Vladimir Zorba
126 прегледи

Џенифер Анистон не е срамежлива жена. Ако треба да покаже малку „месо“ пред објективот, 50-годишната актерка се чувствува сосема удобно.

На учеството во шоуто на Елен Деџенерис таа зборува за последната фотосесија во која смело позираше без горен дел. Анистон ја краси насловната страница на најновиот број на Harper’s Bazaar, откако застана пред будното око на фотографот Алекси Љубомирски …

„Ти ја сакаш голотијата, се чувствуваш добро во својата кожа“, забележа Елен, а Џенифер и одговори: „Се чувствувам одлично! Не, не се срамам да го покажам моето тело. Никој не треба да се срами од тоа. Се чувствувам сосема природно. Мислам дека човечките тела се убави и мораме да размислуваме за нив на тој начин. Ако го сакаме нашето тело, ќе се чувствуваме одлично, без оглед на возраста. Ова е многу, многу важно. Не треба да се срамиме или да чуствуваме непријатност од нашето тело“.

Се разбира, ако земеме пример од неа, треба да знаеме дека Анистон тренира секој ден барем по еден час, се ограничува од шеќер, пие многу вода, а во менито нејзино задолжително присуствува многу овошје и зеленчук. Ако се грижиме за нашето тело, тоа несомнено ќе ни одговори со истото, а Џенифер Анистон е жив доказ за тоа.