292
Актерката Џенифер Анистон вчера го прослави својот 52 роденден, а фотографијата со која нејзиниот фризер Крис Мекмилан ѝ го честиташе роденденот го освои вниманието на јавноста, пред се заради нејзиниот совршен изглед.
Имено, на фотографијата која воодушеви многумина, актерката прави селфи во огледало, а на себе носи минијатурен фустан, па нејзините совршени нозе дефинитивно се во преден план.
„Каква фотографија“, „Зошто е толку убава“, „Прекрасна е, ова е одлична фотографија“, „Какви нозе, неверојатна си“, се коментарите на нејзините обожаватели.
И нејзиниот поранешен сопруг Џастин Теру ја искоментира фотографијата и ѝ посака роденден на поранешната сопруга.
– Среќен роденден, Џенифер. Те сакам – напиша тој.