Џенифер Гарнер во прегратка на непознат маж (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Актерката Џенифер Гарнер беше снимена со насмевка на своето лице и во прегратка на непознат човек, иако постапката за развод со Бен Афлек се уште не е завршена, објави Метро.

Двајцата актери се разделија во 2015 година по гласините дека Бен ја измамил со нивната дадилка. Џенифер Гарнер поднесе барање за развод во април 2017. Во ноември минатата година, тие заедно го поминаа Денот на благодарноста со нивните три деца на возраст од пет до 12 години.

„Не би го избрала овој живот за себе и за своите деца. Не би избрала да сум сама или да сум во таа положба. Тоа е нешто со кое треба да се справиме. Не сум била на состанок и не се интересирам за состаноци. Луѓето сакаат да се скрасам со некој, но им велам: „Не, благодарам“.

Бен Афлек и Џенифер Гарнер првично се обидоа да спасат бракот и да продолжат да живеат заедно, но на крајот обидите се покажаа залудни. Минатата година, актерот објави дека имал врска со телевизискиот продуцент Линдзи Шукас, која има 37 години.

Слични содржини