Џенифер Лопез и Бен Афлек повторно разделени еден месец по нивната венчавка

од Nikola Popovski

Најпопуларната двојка во светот повторно се најде на насловните страници. Деновиве светот на големо зборува за разделбата на Џенифер Лопез и Бен Афлек.

Откако пред четири месеци се вереија по втор пат, парот се венча во средината на јули. Само десет дена подоцна, тие се упатија во Париз на нивниот меден месец.

Секако, бидејќи секој нивни чекор е внимателно следен, не остана незабележан ниту медениот месец.

Во тоа време медиумите пишуваа дека Бен не ужива како насмеаната Џеј Ло, па дури објавија и негова фотографија на бродот каде што веројатно исцрпен од медиумскиот притисок заспал на стол.

Во градот на светлината го прославија и нејзиниот 53 роденден, а освен феноменалниот изглед, сите ги коментираа сликите на Бен како плаче. На никој не му е јасна причината за тоа, но се претпоставува дека се солзи радосници, со оглед на тоа што целото семејство овој важен ден го помина заедно.

И додека се изгледаше совршено, дојде до ненадејна одлука да се разделат на одреден временски период. Имено, како што пренесоа странските медиуми, парот решил да направи мала пауза за да може да се посвети на кариерата. Џенифер одлучила да остане уште малку во Европа, додека нејзиниот партнер морал да замине во Лос Анџелес.

Иако се очекуваше да бидат неразделни на почетокот на бракот, двајцата мислат дека тоа ќе ја зајакне нивната врска.

„Тие секогаш зборуваат, пишуваат пораки, се гледаат преку Facetime кога се разделени и работат. И времето одвоено го прави повторното обединување многу подобро. Џенифер сака да знае дека нејзиниот сопруг ќе биде тука за неа без разлика на се. Да се ​​биде разделен толку брзо по свадбата не е идеално. Но, тие знаат дека го имаат целиот живот пред себе и уживаат во секоја минута од патувањето“, изјави извор близок на парот за странските медиуми.

Ниту Џеј Ло, ниту Афлек не ги потврдија овие наводи.

Да потсетиме, парот ја обнови врската по 17 години. На почетокот на 2000-тите се свршија и раскинаа пред самата венчавка. После тоа, тој се ожени со Џенифер Гарнер, а Лопез се омажи за Марк Ентони.

Фото: KCS Presse / MEGA / The Mega Agency / Profimedi

Слични содржини