Џенифер Лопез ја извади надградбата и откри како изгледа нејзината природна коса

од Stefanija Kuzmanovska
373 прегледи

Пејачката Џенифер Лопез важи за една од најгламурозните славни дами. Сепак, таа често има навика да ги „почести“ своите придружници со фотографии од нејзиниот природен изглед, што го направи и овој пат, само со необичниот изглед на косата.

Како и многу колешки од јавната сцена, 52-годишната пејачка и актерка често ги менува фризурите, а во последните години се покажа како голема обожавателка на изправување на косата, од што деновиве направи кратка пауза.

На својата нова селфи фотографија, латино дивата се појави со благо кадрава боб фризура и без трошка шминка со цел да промовира производи со потпис на нејзиниот бренд „J Lo Beauty“, уште еднаш покажувајќи го својот младешки изглед во шестата деценија од живот.

Слични содржини