Џенифер Лопез во лежерно издание во кошулата на Бен Афлек

од Stefanija Kuzmanovska

Џенифер Лопез и нејзиниот поранешен вереник Бен Афлек, со кого неодамна ја обнови љубовната врска, се чини дека навистина уживаат заедно, а папараците повторно ги следат во секој чекор.

Пејачката беше фатена во лежерно издание на крајот на минатата недела, а таа беше облечена во карирана кошула позајмена од Бен Афлек.

На актерот очигледно не му пречи што неговите девојки уживаат во неговата гардероба, затоа што неговата поранешна девојка Ана де Армас го стори истото пред само неколку месеци.

Неколку дена разлика, Бен и Ана се појавија во јавноста во идентична зелена кошула. Бен и Ана раскинаа по една година врска во јануари годинава, а откако раскина со вереникот Алекс Родригез, поранешната цереница Џенифер Лопез падна во прегратките на актерот.

Слични содржини