Неодамна излегоа гласините дека Џенифер Лоренс и режисерот Дарен Аронофски се во врска неколку месеци. Па така, 26-годишната актерка беше забележана како се бакнува со 47-годишниот режисер, додека тие двајца се шетаа по улиците во Њујорк.

Блиски пријатели на двојката изјавуваат дека тие официјално се во врска уште од август и дека таа купила стан во Њујорк, каде што живее режисерот. Џенифер наводно се запознала и со неговиот син(10-годишниот Хенри), кој тој го има заедно со актерката Рејчел Вајз. Исто така, пријателите на актерката пренесуваат дека таа не се чувствува “стресно” во новата романса.

“Таа се мачеше кога излегуваше со Крис (Мартин) и делуваше стресно. Со Дарен најверојано ќе биде поинаку. Тој не привлекува внимание како Крис. Тој не изгледа како човек кој ужива да биде славна личност. Џенифер е иста.” додаваат изворите.
Претходно, откако Џенифер се раздели од Крис, таа изјави за списанието “Glamour” дека не излегува често со мажи: “Еднаш во годината се случува да ме привлече некој. Но јас не сум осамена личност. Тоа што не се забавувам со некој не е недостаток на било кој начин. Се чувствувам целосно исполнета.” рече таа.