Холивудската ѕвезда Џенифер Лоренс, која само минатата година заработи 46 милиони долари, наликува на вистинска моќница во новата фотосесија за списанието Vanity Fair. Неодамна стана јасно дека 26-годишната актерка изненадувачки започнала врска со 47-годишниот режисер Дарен Аронофски.
Вљубените беа забележани да се бакнуваат во Њујорк претходно овој месец, а таа нема намера тоа да го негира. На прашањето што ја привлекло во Дарен, добитничката на “Оскар”, вели: “Тој е вистински сонувач”.
Според жолтите медиуми двајцата се заедно од август месец наваму. Во минатото тој беше оженет за актерката Рејчел Вајз од која има 10-годишен син Хенри.
Џенифер пак пред имаше врски со британскиот актер Николас Холт и со пејачот Крис Мартин од истата националност.
Лоренс открива дека е обожавател на Арнофски уште од 2010 година, откако го гледала неговиот неверојатен хит “Црниот лебед”.
Таа изјави дека кога Дарен ја поканува за улога во неговиот нов филм, таа веднаш прифаќа, без дури и да го прочитала сценариото. Неодамна двајцата го завршија снимањето на предметниот хорор филм, кој беше снимен во Монтреал и на сетот на кој тие ја започнале врската.
Што се однесува до фотосесијата во изданието, Џенифер покажува една ретро фасцинација во стилски модели на Dior пред објективот на Питер Линдберг.
Таа сепак одбива да коментира детали од приватниот живот во интервјуто, бидејќи признава дека сака да задржи некаков интегритет: “Можеби мислите дека ме познавате, но кога ќе ми се доближите, за мене сте целосно непознат и јас се плашам.”
Видете ги сликите на актерката за изданието во галеријата.