41-годишниот моден дизајнер и креативен директор на “Мошино” Џереми Скот ја остави својата трага врз сладоледите “Магнум”.
Во петокот тој ги претстави резултатите од колаборацијата со познатата марка сладоледи, изразена во колекција од луксузни платнени торби и специјално создаден краткометражен филм, кој беше прикажан и во Кан.
“Мојата работа со” Магнум “, од дизајнот до режијата на филмот беше повеќе од прекрасна за мене. Да работам со Кара (Делевин) беше одлично, а да бидам храбар во модата е нешто што се стремам да го правам во кариерата секој ден “, го коментира Скот филмот посветен на мотото” Осмели се “.
Премиерата на луксузните модни креации и филмската продукција се одржа во “Продавницата за задоволства” на “Магнум” во Лондон, каде што секој може да си создаде свој персонализиран “Магнум Дабл” сладолед на стапче за цена од 5 фунти, па нагоре. Тој содржи два неверојатни слоја чоколадо и сос по избор, кои човек може да го заврши со колку сака од примамливите полнења.