Џеси Џеј е во болка: „Се кршам, целата надеж исчезнува“

од Vladimir Zorba
312 прегледи

Пејачката Џеси Џеј откри дека трпи болки секој ден додека зборувапе за борбата со болеста Мениер.

На пејачката и беше дијагностицирана состојбата во декември, која го зафаќа нејзиното уво и може да предизвика вртоглавица, а Бадник го помина во болница.

33-годишната девојка објасни на Инстаграм дека плачела со часови откако забележала дека болеста „влијае на нејзиниот глас“.

„Вчера се обидов да пеам песна што обично ја пеам со леснотија, но не можев. Проблемот што го имам не е мојот глас, туку она што влијае на мојот глас“, рече таа и продолжи:

„Плачев. Со часови. Си дозволив да почувствувам скршен дел од себе што го игнорирам, кога не треба. Поминаа 6 месеци и се уште не можам да преживеам цел ден без болка во средината на вратот / грлото“.

Џеси Џеј рече дека некои денови се многу подобри од другите, но дека едвај го поднесува фактот дека не може да пее. Таа изјави дека лекарите продолжуваат со тестовите.

„Се распаѓам. Сета надеж исчезнува. Се чувствувам толку изгубено и осамено поради она што се случува“, рекла пејачката.

Таа призна дека „во ред е да не бидеш во ред“, како и дека е невозможно постојано да имаш позитивни мисли.

„Не сум горда што секогаш се преправам дека сум добро. Не е здраво“, вели таа.

Слични содржини