Познатите, баш како и сите останати, моментално деновите ги поминуваат дома и редовно на социјалните мрежи ги повикуваат следбениците да го направат истото, а многумина се трудат да ја направат изолацијата забавна.
На социјалните мрежи овие денови особено се истакна една забавна платформа ТикТок. Многу од ѕвездите одлучија да се придружат на оваа релативно нова социјална мрежа на која моментално најпопуларно е да се објавуваат видеа од танцување.
Познатите дами кои особено ги изненадија обожавателите се актерката Џесика Алба и манекенката Емили Ратајковски.
Џесика објави неколку видеа во кои танцува со ќерките Хавен и Хонор, а покрај тоа што попкажала одличен талент, таа ги воодушеви обожавателите со своето совршено извајано тело.
https://www.instagram.com/p/B-As8wghMMX/?utm_source=ig_embed
И Ратајковски на фановите им пружи поглед кон своите совршени стомачни мускули, а попкажа и интересен танц кој ллесно можете да го научите.
Уште некои ѕвезди се истакнаа на ТикТок, како Џенифер Лопез, Бела Хадид, Алекс Родригез и сл.