Со години Џесика Симпсон важеше за најубава пејачка на светот и никој не остануваше рамнодушен на нејзиниот изглед. Сепак, се чини дека и оваа привлечна русокоса подлегна на трендот на пластична хирургија.
Иако отсекогаш важела за природна, раскошна убавица, последните фотографии покажуваат дека имала и неколку корекции на лицето.
Имено, таа објави фотографија на Инстаграм без трошка шминка и додека некои нејзини обожаватели ја пофалија за овој потег, многумина се прашуваа што се случило со нејзиното лице?
„Јасно е дека ги зголемила усните“, „Изгледа целосно деформирано“, „Не и требаше ова“, се само некои од коментарите што следуваа.
Да потсетиме, Џесика реши драстично да го смени својот животен стил и по тој повод ангажираше приватен тренер со чија помош ослабе неверојатни 45 килограми, но се чини дека не беше задоволна ниту од изгледот на лицето.
А вака пејачката изгледаше до неодамна. Погледнете и проценете сами дали исправила нешто на лицето.