Џесика Симпсон откри како ослабела 45 килограми за 6 месеци

од Vladimir Zorba

Втора година по ред поп ѕвездата и актерка Џесика Симпсон со гордост го покажува своето тело откако ослабе дури 45 килограми.

Имено, Џесика за време на бременоста со третото дете се здебелила речиси 50 килограми, а потоа, откако направила големи промени во начинот на живот и го променила начинот на исхрана, успеала да изгуби исто толку килограми.

Иако со своите фанови редовно го споделуваше своето искуство со различни диети и слабеење, Џесика реши да открие кои промени се најтешки, но и најзначајни во целиот процес.

– Се разбира, нема голема филозофија. Мора да се „фрлите“ во регулирање на исхраната и вежбање – изјавила Џесика.

Сепак, еден од најдобрите совети што се издвојува е брзата прошетка секогаш кога имате можност.

– Целта е 10.000 чекори при едно пешачење, што е некои 7,5 километри. Понекогаш шетам со моите деца, сопругот и најмногу ми се допаѓа кога шетам сама. Тоа е драгоцено време и за телото и за психата – вели таа и открива дека тренирала три пати неделно.

Ресетирање на умот

Слабеењето на Џесика било многу повеќе од вежбање и правилна исхрана. Како што вели Џесика, најтешкиот дел бил да се работи на „зајакнување на умот“.

Џесика го оставала телефонот и другите облици на комуникација барем еден час дневно, за да го ослободи стресот од прекумерните информации.

„Исклучувањето на социјалните мрежи најмалку еден час секој ден и помогна да спие мирно“, изјави Харли Пастернак, нејзиниот личен тренер.

Слични содржини