Џиџи Адид била приморана да носи пончо бидејќи не била доволно слаба

од desk2
100 прегледи
И најбараните модели во моментов се соочуваат со вакви проблеми.

21-годишната Џиџи Адид е една од најпосакуваните модели на денешницата и сите дизајнери сакаат таа да учествува на нивните модни ревии, но во изминатава година, таа значително ја намали нејзината телесна тежина.

gettyimages-496585580

Во февруари 2015-та година, Џиџи дефилираше на пистата за познатиот дизајнер “Tommy Hilfiger”, и наводно, во таа прилика ја принудил да носи големо, црвено пончо, со џиновски ракави, бидејќи “не е доволно слаба и висока како и другите модели.”
thumbnail
65-годишниот дизајнер неодамна, сепак, се обиде да се оправда, и тврди дека тоа било одлука на неговите соработници, а не негова.
“Моите соработници одлучија да ја стават Џиџи во пончо, но не бев среќен. Тогаш им кажав да не го сокриваат нејзиното тело, иако тоа пончо стана најпродавано парче. Навистина ми пречат изјавите дека мислам дека Џиџи не е доволно слаба. Таа е еквивалент на совршенство “, неодамна изјави дизајнерот и сите настани од 2015-та година ги нарече чисто недоразбирање.
gigi-hadid-reebok-markasinin-yuzu-oldu-1
“Џиџи е типична “Hilfiger” девојка – самоуверена, весела и оптимистка. Ние сме многу среќни што баш таа е амбасадор на нашиот бренд. Сите изјави кои го доведуваат тоа во прашање, се потполно неточни, а моето интервјуто со “Yahoo” е погрешно разбрано”, заклучува дизајнерот.