Џиџи Хадид јавно го објави името на својата ќерка

од Stefanija Kuzmanovska
390 прегледи

Манекенката Џиџи Хадид конечно го сподели со јавноста името на нејзината ќерка, која ја роди во септември.

Манекенката која доби ќерка со Зејн Малик мистериозно ги ажурираше информациите за себе на Инстаграм, каде додаде дека бебето се вика Каи.

Според tobabynamewizard.com, потеклото на името е виетнамско и значи „силен“ или „одбран“, пренесува news.com.au.

Џиџи Хадид првично ја криеше бременоста и дури во април потврди дека очекуваат принова.

Слични содржини