Пред само неколку дена Џиџи Адид изгледаше вознемирана, кога беше приморана да се одбрани од еден непознат човек, кој изненадно ја грабна од позади, на сред улица, и ја подигна од земја наспроти нејзина волја.
Меѓутоа, изгледа дека таа целосно се вратила во нормала, по инцидентот, како што продолжи да си ја врши својата должност како манекенка на ревијата на “Versace” во Милано.
На фотографиите позади сцената на шоуто, таа може да биде видена како се подготвува за модната писта, заедно со нејзините колешки, како и нејзината сестра Бела Адид.
Сестрите Адид веќе докажаа дека се талентирани модели, па така и овој пат заедно се појавија на модната ревија со нивните уникатни дефилирања.
Иако тие две беа во центарот на вниманието, ревијата беше исполнета со голем број на веќе добро познати манекенки како што се Адриана Лима, Дауцен Крос, Наоми Кембел, Ирина Шајак, Џордан Дан и други.