Џил Бајден се подготвува да биде прва дама на САД: Шест интересни факти за неа

од Stefanija Kuzmanovska
376 прегледи

„Живееме во свет на омраза и хаос веќе четири долги години. Во ноември имаме шанса да го окончиме тоа и да ја ставиме нашата земја на патот кон заздравување и раст. Мишел Обама одржа говор на демократската конвенција и ги повика Американците да гласаат за Џо Бајден оваа есен“, изјави Џил Бајден, сопруга на противникот на Трамп во претстојната изборна трка.

За време на првата дигитална конвенција на Демократите, таа порача дека изборот на Бајден за нов шеф на Белата куќа ќе помогне да се стави крај на реториката на омраза.

Која е точно Џил Бајден, која со назначувањето за нов шеф на Белата куќа би станала новата прва дама на Соединетите држави?

Yahoo издвои шест интересни факти за оваа жена.

Таа е доктор

Иако не е доктор на медицина, д-р Бајден го доби својот докторат за едукација од Универзитетот во Делавер во 2007 година.

Пред тоа, таа магистрираше на англиски јазик на Универзитетот во Виланова и магистрирала на книжевност на Универзитетот во Западен Честер. Може да се смета за квалификувана да помогне во реформата на распаднатиот образовен систем на САД.

Четири пати го одбила сршеничкиот прстен на Џо

Верувале или не, но Џо морал да ја запроси Џил дури пет пати пред таа конечно да каже „да“.

Се поставува прашањето што ја спречувало во тоа. Според неа, пресудна била загриженоста за децата на Џо, кои останале без мајка откако првата сопруга на Бајден, Нили, трагично починала во 1972 година.

„Чувствував дека бракот мора да функционира. Децата ја изгубија својата мајка и не можев да поднесам да ја изгубат и втората мајка. Затоа, морав да бидам 100 проценти сигурна“, објасни таа.

Состанок на слепо

Во интервју за „Вог“, Џил откри дека таа се запознала со Џо на „состанок на слепо“, договорена од неговиот брат.

„Излеговме да го гледаме филмот „Еден маж и една жена“ во киното во Филаделфија. Навистина беше судбоносен“, рече таа.

„Кога ме испрати дома, се ракувавме и ми посака добра ноќ. Влегов дома и ја разбудив мајка ми во еден часот по полноќ. И кажав: „Мамо, конечно запознав џентлмен“.

Му помогнала во изборот на Камала Харис

Кога зборуваше за изборот на Камала Харис, Џил рече:

„Разговаравме за различни кандидати, но на крајот тоа мора да биде одлука на Џо. Некој со кого најмногу се совпаѓа, некој со кого ги дели неговите вредности. И тоа е она што тој секогаш го кажуваше, тоа е она што го имаа тој и Барак (Обама)“.

Таа е автор на книги за деца

Претходно оваа година, д-р Џил Бајден напиша книга за детството на нејзиниот сопруг под наслов „Џои: Приказната за Џо Бајден“.

Книгата детално ги опишува раните години од животот на Џо, истакнувајќи ја неговата улога на миротворец и бранител на жртвите на врсничко насилство.

Сака кучиња

Џил и Џо не само што се горди родители, туку и одгледуваат две кутриња по име Чемп и Мејџр.

Тие се германски овчари, а Мејџр дојде во семејството Бајден по Чемп. Бајден го усвоија преку Здружението за посвојување кучиња во Делавер.

Слични содржини