Глумицата Џилијан Андерсон, најпозната по ТВ сериите „Досие Икс“ и „Сексуално образование“, на
Фејсбук проговори за својата анксиозност и како се справува со тоа.

– Страдам од анксиозност и депресија откога бев средношколка и, низ годините, тоа се
манифестираше на разни начини. Имаше периоди кога се чувствував многу осамена и како да сум
единствената на светот што е така нервозна или исплашена, раскажува таа
Нејзината поента е дека сѐ тоа поминува и дека оние што страдаат од анксиозност и панични
напади, нема зошто да се плашат.
– Сакам да ѝ кажам на помладата, помалку искусна јас, дека и во миговите кога ти се чини дека ќе
умреш, нема да умреш. Сѐ ќе помине!, нагласува Андерсон.
Натаму, таа додава дека „паничните напади не мора да ти го направат животот помал“.
– Прифатете ги ризиците и предизвиците во животот. И покрај анксиозноста, вие може да имате
убав, исполнет, квалитетен и мирен живот. Има многу луѓе што страдаат од анксиозност, депресија
и страв. И, многу од нив ќе сакаат да ви помогнат. Нема зошто да се плашите или срамите, вели
глумицата.
Видеото е дел од серијалот „Анксиозноста и што би кажал/-а за тоа“ на Институтот Чајлд мајнд,
каде што и други познати личности говорат за своите слични искуства.