Актерката Џилијан Андерсон (48), која е позната по нејзините улоги во популарните серии “The X-Files” и “The Fall”, на својот блог откри шокантна вистина за нејзината поранешна девојка. Всушност, откако нејзината поранешна партнерка почина од рак, актерката одлучи јавно да признае дека во минатото има направено нешто, за што сега се кае.

Пред повеќе од четири години актерката призна дека во младоста експериментирала со жените, но сепак се декларира како хетеросексуалец. Всушност, во средно училиште била во врска со девојка, со која подоцна останале во пријателски односи.

“Пред многу години, пред сето ова, и доста време, по нашите односи, таа жена ме извлече од депресија и од тежината на мојата телeвизиска слава, а јас никогаш не и се оддолжив на вистински начин. Еднаш таа ми се јави и рече дека еден таблоид и нуди 60.000 долари, во замена за наши заеднички фотографии. Во тоа време, поради разни причини, не сакав тоа да се појави во медиумите и покрај тоа што таа се мачеше да си ја плати киријата, ја замолив да не ја продава нашата приказна” напиша актерката.

“Таа се одлучи за, како што тогаш мислев, вистинскиот пат. До ден-денес жалам што ја замолив за тоа. Тие 60.000 многу позитивно ќе влијаеја врз нејзиниот живот, отколку што би имале негативен ефект врз мојот” додаде таа.
Инаку, Андерсон е мајка на три деца, зад себе има два брака, а во моментов е во врска со Питер Морган. По втор пат таа се разведе во 2006та година, а сега со Морган заедно се појавува на сите настани и забави во Холивуд.