Џо Бајден и Камала Харис прогласени за личност на годината

од Stefanija Kuzmanovska
386 прегледи

Угледното американско списание „Тајм“ ги избра новоизбраниот претседател Џо Бајден и Камала Харис за личност на годината.

Како што е наведено во образложението на уредничкиот одбор на „Тајм“, двајцата понудиле да ја обноват земјата, а „Америка го купи она што го продавале“.

Џозеф Бајден и Камала Харис победија на неодамнешните претседателски избори во САД.

„Да се ​​смени американската приказна, да се покаже дека силите на емпатија се поголеми од бесот на поделба, да се сподели визијата за заздравување во тажен свет, Џо Бајден и Камала Харис се личност на годината на TIME“, напиша уредникот на „Тајм“, Едвард Фелсентал.

Според „Тајм“, Бајден имал визија, а новата потпретседателка на САД, Камала Харис, е прва жена, прва афро-американка и прва американка со азиско потекло на позицијата потпретседател на САД.

Исто така, според изборот на читателите, објавен пред четири дена, личност на годината се лекарите кои се борат во првите редови против пандемијата на коронавирус.

Слични содржини