Џои од „Пријатели“ ги разочара жените низ целиот свет: Кој е дебелиов? (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Актерот Мет Лебланк (52) го играше фаталниот заводник Џои Трибијани десет сезони во култната серија „Пријатели“. Но, од крајот на серијата, тој, како и неговиот колега Метју Пери (50), драстично го промени својот изглед. Папараците го „уловија“ на улиците на Лос Анџелес додека тој пазаруваше намирници.

Мет се здебели по снимањето на серијалот, што изненади многу фанови. Неговиот стомак се издвојува најмногу, кој беше целосно рамен пред дваесет години. Исто така, неговата коса оседела, а лицето го покри со маска додека во раката носеше торба на намирници.

Се планираше оваа година актерите од серијата „Пријатели“ да се соберат за една посебна епизода, а многу од нив го сменија изгледот во однос на времето кога ја снимаа култната серија.

Враќањето на старите улоги ќе ја удвои банкарската сметка на главните актери. За една епизода, ќе добијат надомест во висина од 2,5 до 3 милиони долари. Тоа ќе биде нивно прво собирање на малите екрани од крајот на снимањето на серијата во 2004 година.

Слични содржини