„Џокер“ со 11 номинации фаворит на филмските награди БАФТА

од Elena Daskalova
392 прегледи

Објавени се номинациите за британските филмски награди БАФТА, а лидер со најмногу номинации е ремек-делото на Тод Филипс, „Џокер“, со Жоакин Феникс во главната улога.

Феникс и филмот добија вкупно 11 номинации на овие престижни награди. „Ирецот“ на Скорсезе и „Беше еднаш во Холивуд“ на Тарантино имаат по 10 номинации, додека драмата „1917“ на Сем Мендез доби 9 номинации.

Овој филм доби и Златен глобус за најдобра драма на неодамнешното доделување на овие награди. Меѓу номинираните актери се и Леонардо Дикаприо за „Беше еднаш во Холивуд“, како и Рене Зелвегер за неверојатната трансформација во Џуди Гарланд, во филмот „Џуди“.

За најдобар актер се номинирани Леонардо Дикаприо, Адам Драјвер, Тарин Еџертон, Жоакин Феникс и Џонатан Прајс.

За најдобра актерка Џеси Бикли, Скарлет Јохансон, Серша Ронан, Шарлиз Терон и Рене Зелвегер. За најдобри режисери се номинирани Сем Мендез, Мартин Скорсезе, Род Филипс, Квентин Тарантино и Бонг Џун-хоу.

За најдобар филм ќе се борат: „1917“, „The Irishman“, „Joker“, „Once Upon A Time… In Hollywood“ и „Parasite“.

Комплетните номинации можете да ги погледнете ТУКА. Церемонијата на доделување на БАФТА награди ќе се одржи на 2 февруари.

Слични содржини