„Џокер“ со 8-минутни стоечки овации во Венеција (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
265 прегледи

Филмот „Џокер“, кој ја следи приказната за култниот негативец од приказните за Бетмен, доби осумминутни стоечки овации на својата премиера за време на Венецискиот филмски фестивал.

Хоакин Феникс е во главната улога на негативецот, а критичарите веќе зборуваа за наградата „Оскар“.

Една од најочекуваните продукции за сезоната ја следи приказната и причините зошто Артур Флек станува Џокер. За својата улога, Феникс драматично ослабе.

Според него, тој поминал долго време одвоен од надворешниот свет за да го развие „лудилото и манијакалното смеење“ на Артур Флек.

„Улогата на Хит Леџер како Џокер не влијаеше врз мене на кој било начин“, рече тој пред новинарите во Венеција. Според неговите зборови, ова е сосема нов карактер.

Уметничкиот директор на филмскиот фестивал во Венеција коментираше дека овој филм ќе го испрати Хоакин Феникс директно до „Оскарите“ и може да му ја донесе статуетка во категоријата Најдобар актер.

Другите критичари на филмот коментираат дека „Џокер“ е новиот „Боречки клуб“. Филмот ќе се најде вокината на 4 октомври за Соединетите држави.

Слични содржини