Претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев денеска на дебата што ја организираше Државната комисија за спречување корупција и судир на интереси.кажа дека граѓаните се корумпирани и никој не пишува за тоа.
За Џолев, вината за корупција лежи кај медиумите бидејќи начинот на кој известувале ги поттикнувал граѓаните да нудат мито.
„Треба да се види дека корупцијата не е во судиите и обвинителите дека тие не бараат некакви награди. Граѓаните лично ми приоѓаат да сум им завршел предмет, отворено пројавуваат намера да дадат и бакшиш или мито, не само кај мене, туку и кај други колеги. Јас ќе ви кажам, на мене ми пристапуваат голем број на луѓе кои самите викаат „еј слушај дај за оваа работа, вака-така“, јас им викам „ајде, ве молам“. Меѓутоа, така размислува нашиот граѓанин, дека тој за нешто треба да даде бакшиш“, рече Џолев.