Затнати цевки на тоалетите, неисправни ПП-апарати и аларм кој се вклучува без причина, се само дел од проблемите кои се појавија во новоотворената барокна зграда на Кривичниот суд. Поради тоа сѐ уште рочишта се водат во старите, а во новата зграда засега се употребуваат само две судници.

-Се утврди дека цевките во тоалетот се полнети со бетон, поради што почна да се рушат дел од зидовите околу цевките. ПП-апаратите не функционираат, а сѐ уште не можеме да ја пронајдеме компанијата задолжена за нивниот сервис, истакна претседателот Џолев и додаде дека решение чекаат од Министерството за правда, како надлежа институција.
Проблем се и недоволниот број на штекери и нивната лоша поставеност, поради што обвинителите од СЈО, за да го вклучат лаптопот, од дома си носат продолжен кабел.
Неодамна беше објавена и фотографија од која се гледа дека на еден од катовите е направен и балкон, но за да се излезе на него нема врата, па доколку некој сака тоа да го стори, ќе мора да скокне од прозорецот.
Новиот барокен објект, за кој беа потрошени 11 милиони евра, пред да биде пуштен во употреба цели пет години зјаеше празен.
Темелите на новата зграда беа удрени во 2010 година, а тогашниот премиер Никола Груевски вети дека зградата ќе биде завршена за 18 месеци. Тој дури посочи дека ефикасноста во работењетот, меѓу другото, била поврзана и со просторните и работните услови на судиите и судската администрација. А, за да работата тргне со среќа, камен темелникот беше осветен и од Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан.
Светот „ПОЛУДЕ“ по најјакиот ПРИРОДЕН ЛЕК: Го поправа памтењето, топи маснотии, ги подобрува видот и слухот
На природата БАШ И Е ГАЈЛЕ за тоа што вие сакате – 20 неверојатни фотки!
23 УЖАСНИ ФОТКИ кои ќе ве ИЗНЕРВИРААТ!
10 ЧУДНИ НАПРАВИ на авионите за кои сигурно не сте знаеле за што служат
Колку поголем – толку подобар: историјата на огромниот…
Со овој производ може безболно да се зголеми … од 5-7см за само неколку месеци
Тајната на моето излекување од псоријаза!
Ovaj čovek sad zna kako da zaradi velike pare, ali u januaru 2018. je bio…
АКТУЕЛНО
ОСТАНАТИ ВЕСТИ
Пребарај
baner-makedonci-animacija
ch-alpha
fon300
© 2012-2018 Copyright Libertas.mk. All Rights reserved.