Актерката Анџелина Џоли (44) се разведе од сопругот Бред Пит (55) во 2016 година, но и покрај тоа што разводот беше пред три години, таа и понатаму не сака да има пријателски односи со актерот. Добитничката на Оскар е огорчена од Бред бидејќи сметка дека животите на нивните шест деца им ги претвртел наопаку.
Наводно, Анџелина не сакала да се омажи за Бред, а по разводот одлучила дека никогаш повеќе нема да се венча.
– Анџелина и понатаму е огорчена од Бред. Сака да преземе одговорност бидејќи и го преврте светот наопаку. И нејзе и на децата – изјави извор за Us Weekly.
Актерката, која моментално снима филм во Шпанија, а неодамна изјавила дека сака да живее во странство, но не може да се отсели поради поранешниот сопруг.
– Разводот навистина беше комплициран. Пред крајот на мојата врска со Бред не можев да се познаам, како да изгубив дел од себе… станав мала, небитна, иако тоа не го покажував – изјавила актерката и додала дека нивистина била повредена.
Поранешниот пар има шест деца – посвоените Медокс (18), Пакс (15), Захара (14) и биолошките Шајло (13), Кнокс и Вивиен (11).