
Џон Глен, еден од најпознатите ликови на дваесеттиот век поради тоа што е првиот Американец, кој ја обиколил Земјата во вселената и децении подоцна на 77 години стана најстариот човек, кој летал со вселенскиот шатл, почина на 95 години.
Тој учествувал во Втората светска војна и во Корејската војна и беше дел од седумтемина пилоти, избрани кон крајот на 50-тите години да се подготват за лет на човек во вселената.
По шокот на Американците од тоа дека СССР беше понапред со легендарниот лет на Јуриј Гагарин, Глен ја враќа националната гордост со трите круга околу планетата, кои ги прави на 20 февруари 1962 година
Тој беше сенатор од 1974 во текот на четири последователни мандати и кандидат за номинација на Демократската партија за претседател на САД во 1984 година.
Во 1961. двајца астронаути прават суб-орбитален лет и кога доаѓа неговиот ред, СССР веќе има двајца космонаути, кои ја обиколиле планетата, а капсулата со која требаше да лета, беше неуспешна во 40% од тестовите.
Рекордно за гледање, публика од 135 милиони Американци го набљудуваат лансирањето на телевизија. Планот беше да мине 7 круга, но првата капсула започна да создава проблеми, тој запира автоматски и рачно прави уште две обиколки и се спушти во Атлантикот.
Околу 1 милион Американци се собираат во Вашингтон и близу 4 милиони во Њујорк да го поздрават. Тој инсистира и останатите шестмина колеги да се приклучат во поворката.