Актерот Џон Хам го даде првото отворено интервју за списанието “Mr Porter” во кое ја коментира својата битка со алкохолизмот.

Убавецот, кој се прослави со улогата на “Don Draper” од серијата “Mad Man”, откри дека неговиот третман во клиниката не само што го излекувало од неговата зависност, но и му помогнало да си ја задржи психата во форма.

45-годишниот Хам ги охрабрува луѓето, да го следат неговиот пример и да се лекуваат, ако имаат проблеми со пиењето.
Токму поради својот проблем Џон, минатата година се раздели од актерката Џенифер Вестфилд со која беше заедно цели 18 години.

“Луѓето посегнуваат кон алкохолот од различни причини, но не секои од нив се поврзани со хемиски процеси во мозокот. Важно е за одреден период на време, човек да се концентрира на тоа да го промени начинот на размислување. Тоа функционира и одлично е. ”
Актерот вели дека одлучил да се лекува откако неговата мајка починала од рак.

Тој вели: “Знам дека клиниката за лекување на зависност од алкохолизам е луксуз, што не секој може да си го дозволи. Но, ако можете да го направите – тоа ќе биде како теретана за вашата психа. Многу е корисно. Не бидете скептични. Со текот на времето во клиниката ќе промените размислување, ќе погледнете наназад и ќе си кажете: “Леле, колку бев глупав!”
Џон зборува и за кариерата во моментов. Тој се жали дека му е многу тешко да добие улога во драма, бидејќи не е Мет Дејмон, Кристијан Бејл, Дензел Вашингтон или Бен Афлек, но сепак не губи надеж дека ќе има шанса да учествува во филм кој ќе се бори за награди.