Соул пејачот Џон Леџенд и култната метал група “Металика” ќе се меѓу изведувачите кои ќе настапат за време на церемонијата на доделување на престижните музички награди “Греми”.
Шоуто ќе се одржи на 12 февруари во Лос Анџелес.
Леџенд, кој е познат со баладата “All of Me”, е редовен изведувач на церемониите и не пропушта година од 2014 година. Самиот тој е носител на десет награди.
За време на шоуто “Металика” ќе исполнат песни од својот последен албум кој излезе во ноември и од таа причина ќе учествува во трката за следната година.