Џонсон доби значајна поддршка од Фараж во предизборната кампања

од Aleksandar Petrovski
138 прегледи

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера ја доби најзначајната поддршка во предизборната кампања.

Партијата за Брегзит на Најџел Фараж се повлече од изборната трка во 317 места, со цел да помогне да победат кандидатите на конзервативците и да се спречат противниците на Брегзит да го контролираат идниот состав на Парламентот.

Таквиот потег значително ги зголемува шансите на Џонсон да остане премиер и конечно да ги спроведе резултатите од референдумот одржан во 2016 година за излез на Британија од ЕУ.

Фараж истакна дека Брегзит е во опасност и оти ќе ги насочи напорите на својата партија да се победат оние кои се против излез на Британија од ЕУ, пред се таму каде што се силни лабуристите и либералните демократи.

Британците на референдумот со 52 наспроти 48 отсто се изјаснија за излез од Унијата, но и понатаму е спорно како ќе го направи тоа, дали со или без договор со Брисел.

Слични содржини