Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека ќе ги постави доказите за вакцинација со две дози како услов за влез во ноќните клубови и други места каде што се собира голем број луѓе од крајот на септември.
„Можам да кажам дека до крајот на септември, кога сите над 18 години ќе имаат можност да добијат втора доза на вакцина, планираме да условуваме влез во ноќни клубови и други места каде што се собираат голем број луѓе со целосна вакцинација“, изјави синоќа Џонсон.
Доказ за негативен тест повеќе нема да биде доволен, посочи тој.