Новите приоритети на надворешната и одбранбената политика на Велика Британија покажуваат како земјата повторно ќе ја научи уметноста да се натпреварува со земји со спротивни вредности, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон, откривајќи го т.н. Интегриран преглед на владата.
„Прегледот опишува како ќе ги зајакнеме нашите сојузи, ќе ги зајакнеме нашите можности, ќе најдеме нови начини да најдеме решенија и повторно да научиме уметност да се натпреваруваме со земји со спротивставени вредности“, рече Џонсон пред парламентот, објави Ројтерс.
Тој исто така рече дека Кина ќе биде голем предизвик за она што тој го опиша како британско отворено општество, но, како што рече, „ќе соработуваме со Кина, каде што тоа е во согласност со нашите вредности и интереси“, наведува агенцијата .