Џонсон ги повика Британците да го прочитаат новиот трговски договор по божиќниот ручек

од Берта Китинска
369 прегледи

Во видео пораката објавена во четвртокот, британскиот премиер Борис Џонсон ги повика Британците да го прочитаат трговскиот договор со Брисел за Божиќ.

Преговарачите меѓу Лондон и Брисел во четвртокот конечно постигнаа договор за трговски односи меѓу двете страни пред крајот на преодниот рок на крајот на годината.

Целосниот текст на договорот, на неколку илјади страници, не беше веднаш достапен за јавноста, пренесува агенцијата dpa.

„Патем, вечерва на Бадник имам мал подарок за секој што бара нешто да прочита во сонливи моменти по Божиќниот ручек – еве го тоа“, рече Џонсон во видео пораката на Твитер

„Верувам дека ова ќе биде основа за среќно, успешно и стабилно партнерство со нашите пријатели во ЕУ во следните години“, заклучи премиерот.

Неговата победничка порака беше објавена во време кога многу Британци нема да го поминат Божиќ со своите семејства поради ограничувањата воведени за спречување на ширењето на новиот вид коронавирус.

Слични содржини