Џонсон го одложи олеснувањето на мерките за четири недели поради сојот делта

од Nikola Popovski
144 прегледи

Британскиот премиер Борис Џонсон потврди дека олеснувањето на мерките, што е планирано за следната недела, е одложено.

Новото одложување е резултат на ширењето на сојот на вирусот – делта, а Џонсон изрази надеж дека четири недели е доволно време ситуацијата повторно да се стабилизира.

„Убедени сме дека нема да ни требаат повеќе од четири недели“, рече британскиот премиер, додавајќи дека милиони ќе бидат вакцинирани против коронавирус во тој период.

Според првичниот план, британската влада требаше да ги релаксира мерките на 21 јуни. Многу компании, особено угостителски објекти и хотели, го изразија своето незадоволство од доцнењето и посочија дека нивните ресторани се во опасност.

„Јасно е дека индискиот сој е попренослив и дека бројот на случаи и хоспитализации расте“, изјави Џонсон за „Скај њуз“ на маргините на самитот на Г7 во Корнвол.

Овој вид на вирус е околу 60 проценти позаразен од алфа сојот што се појави во Англија, а сега е доминантен во Велика Британија, земјата со најголем број смртни случаи од коронавирус во Европа – речиси 128 000.

Слични содржини