361
Голем број граѓани се сомневаат во изборот на вакцина. Соодветно на тоа, се поставува прашањето – Која вакцина треба да ја примат граѓаните постари од 60 години, без да предизвика здравствени проблеми?
Германскиот комитет за вакцини, познат како СТИКО, ја предлага вакцината на „Џонсон и Џонсон“ против короната за лица постари од 60 години, објави „Шпигел“, без да наведува извори.
Европското регулаторно тело за лекови ја поддржа оваа вакцината минатиот месец, откако ги испита ретките случаи на згрутчување на крвта кај возрасни во САД кои примиле единечна доза. Сепак, ова тело им остави на земјите-членки на ЕУ да одлучат како да ја користат вакцината.
СТИКО исто така ја препорача и вакцината на „АстраЗенека“ за лица над 60 години.