„Џонсон и Џонсон“ верува во својата вакцина, се очекува решение со регулаторите

од Stefanija Kuzmanovska
270 прегледи

„Џонсон и Џонсон“ имаат „целосна доверба“ во својата вакцина против ковид-19 и се надеваат дека „многу брзо“ ќе се најде решение со регулаторите за нејзина употреба, бидејќи вакцинацијата е суспендирана во Европа и САД поради ретки случаи на сериозни згрутчување на крвта, изјави финансискиот директор Џозеф Волк.

Европската агенција за лекови (ЕМА) треба да објави мислење за вакцината на „Џонсон и Џонсон“, додека медицинскиот советник во Белата куќа Ентони Фаучи во неделата изјави дека одлуката на САД треба да биде објавена до петок.

„Сè уште сме многу сигурни и се надеваме дека рамнотежата помеѓу придобивките и ризиците ќе биде во наша полза“, рече Волк во интервју за CNBC.

Тој рече дека „се работи со регулаторите за да се осигура дека ги имаат сите информации потребни за донесување одлуки“.

„Ако регулаторниот процес оди добро, ќе можеме да одговориме на сите договорни обврски во САД, но и низ целиот свет“, рече Волк.

Слични содржини