Вечерва британскиот премиер Борис Џонсон и бројни други британски официјални лица им честитале на војводата и војвотката од Сасекс на раѓањето на нивната ќерка Лилибет Дајана Маунтбатен-Виндзор.
„Им честитам на војводата и војвотката од Сасекс за раѓањето на нивната ќерка“, се вели во честитката на премиерот Џонсон, пренесе Ројтерс.
Many congratulations to The Duke & Duchess of Sussex on the birth of their daughter.
— Boris Johnson (@BorisJohnson) June 6, 2021
„Тоа се прекрасни вести. Честитки за војводата и војвотката од Сасекс“, напиша лидерот на британската Лабуристичка партија, Кир Стајмер, а слични пораки испратиле и бројни други британски официјални лица.
Кралската двојка се заблагодарила за бројните честитки.
„Ви благодарам за вашата континуирана љубезност и поддршка во ова многу посебно време за нашето семејство“, пишува во соопштението на британскиот славен пар.
Второто дете на британскиот принц Хари и Меган се роди во петокот во болницата Котеџ во Санта Барбара, недалеку од Лос Анџелес.