Џонсон и Вардакар утре ќе разговараат за Брегзит

од desk2
119 прегледи

Британскиот премиер Борис Џонсон утре ќе се сретне со својот ирски колега Лео Вардакар на северозапад од Англија, потврдија од Даблин.

-Ова ќе биде прва средба во текот на која премиерите и нивните тимови ќе можат детално да разговараат за процесот што би обезбедил да се дојде до договорен Брегзит, соопшти владата на Ирска, а пренесуваат британските медиуми.

Џонсон сака Велика Британија да излезе од ЕУ на 31 октомври , но за тоа да се случи со двостран договор мора да се реши прашањето на границата меѓу Северна Ирска и Република Ирска, која е членка на ЕУ.