Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон изјави дека поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп е одговорен за немирите што се случија вчера во Вашингтон, кога толпа демонстранти упаднаа во зградата на Конгресот.
„Сметам дека е сосема погрешно што тој ги охрабри демонстрантите да ја нападнат зградата на Конгресот и дека постојано тврди дека изборите биле украдени, и дека тој всушност не изгубил на нив“, изјавил Џонсон, пренесе Би-Би-Си.
„Она што можам да го кажам е дека сум неизмерно задоволен што победата на демократскиот кандидат Џо Бајден е потврдена и дека демократијата е зачувана“, додал Џонсон.
Десетици приврзаници на Трамп упаднаа во зградата на Конгресот на САД синоќа за време на седницата на двата дома и привремено спречија законодавниот дом да ја потврди победата на демократскиот кандидат Џозеф Бајден на претседателските избори.
Откако полицијата ја заврши четиричасовната окупација на американскиот Конгрес од лутите приврзаници на Трамп, официјалните лица го прогласија комплексот за безбеден.
Според американските власти, во инцидентот загинале четири лица.