Џонсон: Постои реална можност војната во Украина да трае до крајот на 2023 година

од Берта Китинска

Британскиот премиер Борис Џонсон ја оцени како „реална“ можноста војната во Украина да трае до крајот на 2023 година.

На новинарско прашање во Њу Делхи за датумот споменат од западни извори и за можното сценарио за победа на Русија, Џонсон одговори дека тоа е „секако реална можност“.

„Рускиот претседател Владимир“ Путин има огромна армија „направи катастрофална грешка и единствената опција што ја има сега е да продолжи да го користи својот грозоморен артилериски пристап за да се обиде да ги уништи Украинците“, рече тој на крајот од неговиот дводневен престојво Индија.

Според Борис Џонсон, кој му оддаде почит на украинскиот отпор, засега „не се чини веројатна можност“ за одржување „реални“ преговори за ставање крај на конфликтот.

Зборувајќи за воената поддршка за Украина и нејзините соседи, Џонсон рече дека планира да и компензира на Полска со тенкови од советско производство што таа би можела да ги испрати во Украина за да се спротивстави на руската инвазија.

Слични содржини