Џонсон: Ширењето на делта сојот е сериозна причина за загриженост

од Vladimir Zorba
163 прегледи

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, денес оцени дека ширењето на делта сојот на коронавирусот е причина за сериозна загриженост.

Се очекува британскиот премиер да објави дека укинувањето на ограничувачките мерки, најавено за 21 јуни, ќе биде одложено за уште четири недели, но Џонсон посочи дека конечната одлука за тоа прашање сè уште не е донесена.

„Јасно е дека делта вирусот, кој првпат беше откриен во Индија, се шири полесно, дека бројот на новооткриени случаи се зголемува, поради што расте бројот на хоспитализации. Сето ова е причина за сериозна, сериозна загриженост. Ќе се огласиме по тој повод во понеделник“, истакна премиерот Џонсон.

Слични содржини